Финската премиерка: Војната покажа дека Европа не е доволно силна
Финската
премиерка Сана Марин изјави дека
Европа „не е доволно силна“ сама да се спротивстави на Москва во врска со
војната во Украина.
За време на нејзината посета на Австралија, Марин рече дека руската воена акција во Украина ги разоткри европските слабости и стратешките грешки во односите со Москва.
- Морам да бидам многу искрена, брутално искрена со вас - Европа во моментов не е доволно силна. Ќе бевме во неволја без САД – изјави Марин во Институтот Сиднеј Луи, пренесе Франс прес.
Финска поднесе барање за влез во НАТО по почетокот на руската воена акција во февруари.
Марин инсистираше на тоа дека Украина мора да добие се‘ што и е потребно за да победи во војната и додаде дека САД имаат клучна улога во снабдувањето на Киев со оружје, финансиска и хуманитарна помош неопходни за да се спречи напредувањето на Русија.
- Мораме да се погрижиме да изградиме сопствена способност кога станува збор за европската одбрана, европската посветена индустрија и да се осигураме дека можеме да се справиме во различни ситуации - истакна премиерката на Финска.
Финска се стекна со независност од Русија пред 105 години.
Фото: Youtube - screenshoot
