Финска почнува од утре и за еден месец ќе ги укине сите мерки
Финска за еден месец ќе ги укине сите мерки.
Државата од утре ќе започне со ублажување на ограничувањата воведени поради коронавирусот. Граничните контроли за оние кои доаѓаат во Финска од шенген-зоната ќе бидат укинати од почетокот на февруари. Од утре во Финска ќе можете да влезете или со потврда за ковид или потврда за прележана болест или со потврда за негативен резултат од тестот не постар од 72 часа, пренесува „Интерфакс“. Овој услов ќе важи за сите родени пред 2006 година.
Од почетокот на февруари рестораните наместо како досега до 18 часот, ќе можат да работат до 21 часот. Баровите и маркетите ќе продолжат да затвораат во 18 часот.
Во Финска над 1.900 луѓе досега починаа од коронавирусот.
Слично
