Финска планира да ја намали социјалната помош за бегалци
Властите во Финска планираат да ја намалат социјалната помош за бегалци во споредба со онаа обезбеденана локалните жители, изјави финскиот министер за социјални дејности и здравството Хана Мантулија, пренесоа агенциите.
Според нејзините зборови во моментов во министерството се подготвува шема за интеграција на бегалците.
"Ние поаѓаме од тоа дека нивото на социјална заштита на бегалците ќе биде значително помало отколку до сега", изјави Мантулија.
На пример монетарната сума која вообичаено се исплаќа на добиените азили во Финска, сега нема да биде задолжително да се обезбеди во пари. Наместо неа на човекот ќе може да му се обезбеди живеалиште или друга услуга.
Слично
