Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФИНЦИТЕ СЕ НАЈЗАДОВОЛНИ ОД ЖИВОТОТ МЕЃУ ЖИТЕЛИТЕ НА ЕУ: Кои народи се најнезадоволни?

ФИНЦИТЕ СЕ НАЈЗАДОВОЛНИ ОД ЖИВОТОТ МЕЃУ ЖИТЕЛИТЕ НА ЕУ:  Кои народи се најнезадоволни?

Финците се најзадоволни од својот живот меѓу жителите на Европската Унија(ЕУ). Зад Финска следат Белгија, Австрија, Романија и Словенија.

Просечната оценка за задоволство од животот во ЕУ во 2023 година беше 7,3 на скала од нула до 10, а највисоката оценка е во Финска од 7,8, објави денеска Евростат.

Бугарија има најниска оценка од 5,9, а Летонија и Грција се нешто подобри со оценки од 6,9.

Евростат забележува дека на задоволството од животот може да влијаат многу фактори, како што се возраста, степенот на образование, семејството и финансиската состојба.

На многу рангирања за среќа, жителите на скандинавските земји котираа високо. 

foto Wikipedia/Jean-Pierre Dalbéra

Слично

Поврзани вести