Економија, финансии, бизнис

Контакт

Финците креваат ограда на границата со Русија

Финците креваат ограда на границата со Русија

Финска крева ограда на границата со Русија. 

Земјата го гради првиот дел од оградата на границата со Русија. Во петок почнаа со работа, на помалку од две недели откако Финска се приклучи на НАТО. Стравувајќи од Рисија, владата одлучи да изгради бариера лани. Се плашеа дека Русија може да почне да ја поплавува границата со мигранти. Изработена од челична мрежа, оградата на Финска би требало да покрие околу 200 километри од најкритичните делови на нејзината граница до крајот на 2026 година. Менаџерот на проектот Исмо Курки во петокот изјави дека  на оградата ќе имаат опрема за надзор. Границата меѓу двете земји е долга 1.300 километри. Имаше ставови на експерти дека Русија нема да може да ја покрие оваа граница. Финска стана 31-та членка на НАТО. И Шведска сака да се приклучи на НАТО. Откако Русија ја почна војната во Украина лани на 24 февруари, Финска и Шведска побараа да влезат во НАТО. На руските власти не им се допаѓа тоа што Финска влезе во НАТО. 

Слично

Поврзани вести