Економија, финансии, бизнис

Контакт

Финансиската блокада во CАД ја урна вредноста на американскиот долар

Финансиската блокада во CАД ја урна вредноста на американскиот долар
Финансиската блокада на американската Влада, од вчера, забележливо ја собори вредноста на американскиот долар спрема водечките валути. На берзите нема паника, бидејќи меѓународните финансиски пазари со денови се подготвуваа за овој можен расплет од гласањето во американскиот Конгрес. – Доколку блокадата потрае подолго од неколку дена, расположението на берзите може да се промени особено ако трговците почнат посериозно да ја поврзуваат таа блокада со претстојното изјаснување за дозволената висина на задолжување во САД - наведуваат во Лондон Сити. Финансиската блокада на Владата на САД и се поубедливиот раст на обемот на индустриско производство во источна и централна Европа поттикнаа забележлив раст на вредноста на полските злоти, унгарските форинти и романскиот лев, јавуваат западни медиуми.
Слично

Поврзани вести