Филмски режисер од Литванија загина во Мариупол
Украинското Министерство за одбрана објави дека во градот Мариупол вчера е убиен литванскиот филмски режисер Мантас Кведаравичиус.
Тој долги години ги документираше настаните во градот.
„Изгубивме човек кој до последен момент, и покрај опасноста, работеше во Украина, која е окупирана од Русија“, изјави литванскиот претседател Гитанас Науседа.
Украинските власти вчера соопштија дека е најдено телото на 40 годишниот Макс Левин, фоторепортер кој загинал во близина на украинскиот главен град Киев. Левин, татко на четири деца, работел со украински и меѓународни медиуми. Денеска е 39-ти ден како руските сили војуваат во Украина.
Слично
