ФИЛМСКАТА ДИВА ЏИНА ЛОЛОБРИЏИДА ВЛЕГУВА ВО ПОЛИТИКАТА: На 95 години ќе се кандидира на изборите во Италија
Џина Лолобриџида,
италијанската актерка, ветеран од златното доба на Холивуд, ќе се кандидира на парламентарните
избори во Италија следниот месец.
Легендата на екранот, која неодамна наполни 95 години, ќе биде кандидат во Латина, јужно од Рим, за Italia sovrana e popolare (ISP), новоформирана евроскептична политичка алијанса, пишува весникот La Repubblica.
Не е прв пат Лолобриџида да се вклучи во политиката: во 1999 година се кандидираше за избори во Европскиот парламент како кандидат за центристичката партија Демократичи на Романо Проди, но не успеа да биде избрана.
Родена во близина на Рим во 1927 година, Лолобриџида се здоби со меѓународна слава за филмовите меѓу кои и The Hunchback of Notre Dame (1956), глумејќи заедно со Ентони Квин и Соломон и Шеба (1959) во кои глумеше со Јул Бринер.
Италија ќе одржи парламентарни избори на 25 септември по оставката на премиерот во заминување Марио Драги минатиот месец, откако три коалициски партии ја повлекоа својата поддршка од неговата влада на национално единство.
