Економија, финансии, бизнис

Контакт

Филм со буџет од 175 милиони долари е целосен неуспех

Филм со буџет од 175 милиони долари е целосен неуспех
Universal Pictures призна дека филмот 47 Ronin со буџет од 175 милиони долари е целосен неуспех . Приказната за самурајот, кој во главната улога во филмот го глуми Кијану Ривс , дебитира на Божик и се очекува приходите до недела да се за помалку од 20 милиони долари. Ова е најлошиот деби за филм со буџет над 150 милиони долари за 2013 година. Во својот деби ден филмот беше на 6 -то место во благајните со едвај 3,4 милиони долари. Надвор од САД филмот дебитираше во над 14 земји со приходи од вкупно 10 милиони долари. Меѓу најуспешните филмови на Universal оваа година се "Брзи и бесни 6 " и " Despicable Me 2 ". Претходно оваа година Disney го објави за неуспех филмот The Lone Ranger , а компанијата изгуби околу 200 милиони долари во филмот со Џони Деп .
Слично

Поврзани вести