Филипинската полиција има осомничени за крвавиот бомбашки напад
Филипинската полиција има тројца осомничени, еден маж и две жени, кои можеби биле дел од крвавиот бомбашки напад во петокот на пазар во градот Давао каде загина 14 лица, а 70 беа повредени. Бомбата била импровизирана, но со голем број на шрапнели со цел да нанесе што е можно поголема штета во преполната област.
Нападот најверојатно е дело на милитантни исламисти како одмазда за засилените воени операции на филипинската армија која на југоистокот на земјата распредели 8000 војници за да го спречат ширењето на Абу Сајаф џихадистичката група поддржана од ИСИС.

Слично