Економија, финансии, бизнис

Контакт

Филип Морис потрошиле 1,5 милиони евра за лобирање кај пратеници од ЕП

Филип Морис потрошиле 1,5 милиони евра за лобирање кај пратеници од ЕП

Филип Морис Интернешнал,aмериканскиот производител на цигари потрошил 1,5 милион евра за ручеци и вечери во рамки на напорите да придобие пратеници од Европскиот парламент да ублажат закон на ЕУ за производи од тутун за кој ќе се гласа на следната пленарна седница во Стразбур.

Во износот се вклучени  трошоци за состаноци одржани лани со околу третина членови на европското законодавно тело. Во јавноста оваа информација ја изнесе ратеникот на Зелените и германски пратеник во ЕП, Ребека Хармс.

Сепак американската компанија на интернет страницата објави е дека обвинувањата за силно лобирање се неточни.

Иако гласањето за  директивата требаше да се одржи  во почетокот на септември, тоа е одложено заради наводно силното лобирање на компанијата во рамки на напорите дискусијата да се одржи кога на чело на ЕУ ќе биде Грција, која е „најнаклонета“ кон тутунските производи.

Хармс изјави дека амандманите од членови воглавно од партии на десниот дентар, конзервативци и одредени либерали се во согласност со „пет посакувани измени“ од американската компанија. На листата на „желби“ на Филип Морис се бришење на забраната за ментол цигари, предупредување на штетност од цигари само на дното од пакувањето, намалување на забраната за следната генерација на производи како електрични цигари и намалување на обемот на предупредуавње. Компанијата исто така посакува и повлекување на т.н. „делегирани акти“ со што пратениците од ЕП би биле спречени лесно да ја дополнуваат директивата откако ќе стане правосилна.

Слично

Поврзани вести