Филип Хамонд: Русија продолжува да ја загрозува Украина
Нема никакви знаци дека Русија ja промeнила својата политика кон Украина, изјави британскиот министер за надворешни работи Филип Хамонд во интервју за БиБиСи.
Тој истакна дека по вториот договор од Минск насилството е намалено, но тоа не доведе до радикална промена во ситуацијата.
"Насилството е помало после потпишувањето на новиот договор, но не гледам промена во стратешките намери на господинот Путин. Прашањето е само во тоа што алатки користи за своите цели. "- коментира Хамонд.
Според него, односите меѓу Велика Британија и Русија ќе останат напнати, ако не се случи промена во позицијата на Путин за Украина.
Британскиот министер за надворешни работи истакна дека Москва го избра стратешкото ривалство со Западот, а не партнерството.
Хамонд додаде дека може да бидат преземени нови санкции против Русија, доколку ситуацијата во Украина се влоши.
Слично
