Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Фигаро

„Фигаро

Ангела Меркел беше реизбрана за претседател на Христијанската заедница (ХДЗ) со 89,5% од гласовите со овластувања да ја води конзервативната партија до федералните избори во септември следната година, пишува францускиот весник „Фигаро".

Гласовите, со кои беше реизбрана, се помалку отколку на партиските избори во 2014 година и уште помалку отколку во 2012 година, кога за неа гласале 97,9% од делегатите. Резултатите од конгресот во Есен, кој завршува денеска, зборуваат многу за климата во политичката формација на канцеларката. 

Меркел се откажала од одлуката да се кандидира за четврти мандат, но многу луѓе инсистирале да го направи тоа, наведува весникот. 

Во време кога прашањето за исламот се меша во германските дебати, таа јасно вети дека ќе ги брани основните германски вредности и ќе се бори против паралелните општества. Нашето право преовладува над шеријатот, потсети таа.

За миграциската криза Меркел изјави дека ситуацијата од 2015 година нема да се повтори, а во врска со интеграцијата беше категорична -дека луѓето кои нема да добијат дозвола за престој, ќе треба да ја напуштат земјата.



Слично

Поврзани вести