Фич ја намали кредитната перспектива на САД
Агенцијата за кредитен рејтинг Фич (Fitch) го задржа највисокиот кредитен рејтинг AAA на САД, но му додаде негативна перспектива, пишува АФП.
Агенцијата појаснува дека е задржан највисокиот рејтинг поради ккао што посочуваат, силните економски и кредитни основи, поддржани од улогата на доларот како главна светска валута.
Неповолната перспектива па појаснуваат, доаѓа од тековната несигурност дали Владата ќе преземе мерки за намалување на државниот долг на среден и долг рок.
Фич наведува исто така предупредува на краткорочните ризици од политичката битка за зголемување на плафонот на државниот долг и усвојувањето на федералниот буџет, јавија американските медиуми.
Слично
