Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фич го намали кредитниот рејтинг на Велика Британија

Фич го намали кредитниот рејтинг на Велика Британија
Агенцијата за кредитен рејтинг Фич го снижи максималниот рејтинг на Велика Британија до АА +, наспроти сегашните ААА, соопшти Блумберг. Сепак изгледите остануваат стабилни. Како причината за маналувањето се наведува слабата економија и фискалните изгледи, коментира агенцијата. „Иако фискалната флексибилност на Велика Британија, поддржана од нивната валута и резерви,поради јавниот долг и можноста да бидат преземени нови економски и фискални шокови не одговара на рејтинг ААА", се вели во соопштението на Фич. По втор пат Фич прави промени во рејтингот на Велика Британија. На 22 март беше променета перспективата на рејтингот, два дена откако британскиот министер за финансии Џорџ Озборн ја ревидираше надолу прогнозата за раст на економијата. Блумберг коментира дека влијание за одлуката на Фич може да имаат и препораките на ММФ кон Озборн да размисли за скалата на буџетските трошоци. Освен Фич и друга агенција и го одзеде одличниот статус на Велика Британија. На 22 февруари Мудис објави дека го намалува рејтингот на земјата до ниво Аа1 од Ааа. „S & P“ исто размислуваат што да прават со рејтингот на земјата
Слично

Поврзани вести