„Фич“ го намали кредитниот рејтинг на Италија
Меѓународната агенција „Фич“ го намали денеска кредитниот рејтинг на Италија за еден степен, од А- на БББ+, додавајќи дека прогнозата на рејтингот на оваа земја е негативна. „Фич“ укажа и на неизвесните резултати од парламентарните избори во Италија, поради кои е малку веројатно дека во следните неколку недели ќе биде формирана стабилна нова влада. Агенцијата нагласува и дека рецесијата во Италија е една од најдлабоките во Европа, предупредувајќи дека политичката неизвесност и идните структурни реформи, кои се под знак прашање, претставуваат ризици кои и се закануваат на реалната економија.
Слично
