„Фич“ ги намали рејтинзите на двете најгоелми кипарски банки
Меѓународната бонитетна агенција „Фич“ ги намали кредитните рејтинзи на двете најголеми кипарски банкарски компании - „Банката на Кипар“ и „Кипарската народна банка“ -Лаики.
Во денешното соопштение на „Фич“ се наведува дека рејтингот на Лаики банката е намален од степен Б на Д (банкротирана), а на „Банката на Кипар“ од Б на РД (ограничен банкрот).
Ваквата одлука е донесена врз основа на договорот за спас на Кипар што вчера во раните утрински часови го постигнаа кипарските власти и земјите од Еврогрупата. се наведува во соопштението.
Слично
