Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Фиат“ укинува 1.500 работни места во Полска

„Фиат“ укинува 1.500 работни места во Полска

Италијанскиот производител на автомобили „Фиат“ денеска објави дека укинува 1.500 работни места во Полска, што значи дека една третина од работната сила на компанијата во земјата ќе останат без работа.

Во соопштението на полската филијала на „Фиат“ се наведува дека исклучително негативната состојба на пазарот на автомобили предизвикала вишок од 1.500 вработени, што ја принуди групацијата да започне со отпуштања.

Фабриката на „Фиат“ во Полска се наоѓа во градот Тихиј, во јужниот дел на земјата

Слично

Поврзани вести