Fiat ќе потроши 9 милијарди евра за нови модели?
Fiat планира да инвестира не помалку од 9 милијарди евра ( 12 милијарди долари ) за нови модели со цел за три години да ги покрие загубите во Европа и да ги заживее речиси празните италијански фабрики .
Во обид да се стимулира продажбата на луксузните модели Maserati и Alfa Romeo, италијанскиот производител на автомобили ќе се фокусира и на варијантите на модерниот Fiat 500 и малата нискобуџетна Panda , велат за Блумберг лица од компанијата.
Серџо Маркионе , кој е извршен директор на Fiat и на Chrysler Group , е ставен под притисок да ги ограничи загубите на автопроизводителите во Европа . Иако првично Fiat објави дека ќе се обиде да произведе околу 20 нови модели за Европа до 2016 година , вклучувајќи и осум под брендот Alfa Romeo , од компанијата одбија да коментираат дали ќе ја смени својата стратегија.
Како дел од фокусот на луксузните автомобили за Италија , се смета дека Fiat ќе го претстави 500 и новите спортски автомобили Jeep следната година , како и кабриолетот на контроверзниот модел Alfa Romeo 4C . Овие автомобили ќе бидат произведени во Италија . Новиот седан Alfa Romeo Giulia , наменет главно за извоз надвор од Европа , исто така ќе биде конструиран во Италија до 2016 година.
Попречуван од драстичниот пад на побарувачката во својата родна земја и недостатокот на нови модели , Fiat полека го губи уделот на пазарот во Европа во последните четири години.
Минатата година продажбата на производителот во регионот беше за 47% помала во споредба со таа во 2009 година , покажуваат податоците на АСЕАН . Колапсот во продажбата доведе до оперативни загуби во износ од речиси 2 милијарди евра од 2011 година. Само за првите девет месеци од годинава загубата е 304 милиони евра.
Слично
