Економија, финансии, бизнис

Контакт

Fiat и вели “чао” на Италија

Fiat  и вели “чао” на Италија
Главниот извршен директор на Fiat , Серџо Маркионе ќе го премести седиштето на Fiat и Chrysler во Холандија . Одлуката донесена и од даночни побуди , е вистински шамар за Италија. Но и за своите акционери шефот на концернот нема особено добри вести. Fiat ионака требаше да има ново име . Бидејќи концернот - мајка Fabbrica Italiana Automobili Torino веќе ниту е италијански , ниту се наоѓа во Торино . Барем не на хартија : новиот автомобилски концерн Fiat Chrysler Group ќе се пресели  во Холандија , а акциите на компанијата ќе се тргуваат во Њујорк и Милано , објави ја од соопштуваат од Fiat. Одлуката за преструктуирање по целосното спојување на Fiat и Chrysler е донесена од Управниот одбор во претходното седиште во Торино . Може да се очекува дека поради даночни причини групата ќе има седиште и во Велика Британија со новото име Fiat Chrysler Automobiles ( FCA ) , се вели во соопштението. " Со создавање на Fiat Chrysler Automobiles започнува ново поглавје во нашата историја " , изјави Џон Елкан , претседател на одборот на Fiat. "Денес е еден од најважните денови во мојата кариера во Fiat и Chrysler ", дополни и извршниот директор Серџо Маркионе . За самата Италија одлуката е вистински шамар . И сега срцето на италијанската автомобилска индустрија бие сосема слабо . Многу слабо . Официјално во поранешната главна фабрика на Fiat во Мирафиори има 5500 вработени - десет пати помалку отколку на пример во главната фабрика на VW . Со падот во продажбата на автомобилската компанија во Европа и залезот на Fiat , предградието на Торино се дегенерира се повеќе и повеќе во деиндустриализирана зона. Тренд кој може да се следи во цела Италија . Оптовареноста на капацитетот на италијанските фабрики во 2013 година падна на рекордно ниско ниво. Некогаш горд дом на Alfa Romeo , Lancia и Maserati сега е само сенка на минатото . Фактот дека Fiat сеуште е во зоната на добивката се должи само на силната сестринска компанија Chrysler. Chrysler Fiat успева да објави нето добивка од 1950 милијарди евра за цела година . Без Chrysler резултатот би бил загуба од над 400 милиони евра . Даночните ефекти исто така го разубавуваат резултатот. "Ситуацијата во Италија се влошува", вели индустрискиот експерт Стефан Братцел, професор Center of Automotive на Универзитетот во Берген Гладбах. Конкуренцијата од Азија и Источна Европа го зголемува квалитетот и се заканува на основната дејност на Fiat. Во прилог, брендови како Alfa Romeo и Lancia се подложени на притисок од страна на компактните класи на производителите на германските премиум автомобили. Во рамките на последните пет години средното оптоварување на капацитетите во италијанските фабрики е намалено од 78 проценти до 46 проценти, соопшти неодамна консултантската фирма AlixPartners. По оптоварување под 70 проценти според набљудувачи во индустријата фабриките не се профитабилни. Единствената надеж за Fiat во моментов е премиум класата. Подружницата во САД Jeep  во моментов се произведува главно во САД, но од 2014 година производство на брендот ќе се стартува и во фабриката на Fiat во Мелфи - во јужниот дел на Италија. Додека Maserati , италијанската луксузна марка на групата Fiat , нема да се откаже од трката. Од почетокот на годината од производствените линии почна да слегува новиот Quattroporte , новиот седан Ghibli е на пат да се натпреварува со Audi , Daimler и BMW , а во профитабилниот SUV сегмент во наредните години Италијанците ќе вложуваат на Levante . Италијанскиот производител на автомобили планира да инвестира 1,2 милијарди евра во трите нови модели на својата луксузна марка . Па продажбата се очекува да порасне  до 50 000 до 2015 година.   К.К.
Слично

Поврзани вести