Фиат го праќа Крајслер на берза
Фабриката за автомобили Крајслер, која е во сопственост на итлаијанскиот концерн Фиат, наскоро повторно ќе излезе на берзата, пренесува Ројтерс. Третиот најголем американски производител на автомобили ќе ја реализира првата инвестициска јавна понуда на почетокот од декември, изјави за Ројтерс извор запознаен со ситуацијата. Крајслер веќе избра банки кои би требало да му помогнат со излегувањето на берзата.
Според извор од Крајслер, компанијата ги ангажирала банките Берклис, Голдман Сакс, Морган Стенли и УБС, а главните за упис на акциите ќе бидат Џеј Пи Морган и Банк оф Америка.
Пред да се утврди цената, мора да се реши спорот помеѓу Фиат и фондот Веб, кој припаѓа на синдикалната организација UAW, која има 41,5 отсто удел во Крајслер.
Фиат сака да го зголеми својот удел во американската компанија и да ја превземе, но до сега не успеал да се договори со фондот за цената на акциите, потсетува Ројтерс.
Некои аналитичари ја проценуваат вредноста на Крајслер на 10 милијарди долари.
Слично
