„Fiat Chrysler“ повлекува 570 000 џипови
Поради опасност од појава на пожар, автомобилскиот концерн „Fiat Chrysler“ (FCA) повлекува вкупно 570 000 џипови во работилниците за поправка, со што повеќето од нив се во САД. Каблите во автомобилите може да прегреат и да се запалат, изјавиле од италијанско-американската групација.
„На компанијата и е познато тоа дека може да се предизвикаат повреди или инциденти“, изјавиле од FCA. Надвор од Северна Америка и Мексико според компанијата речиси 110 000 возила треба да поминат преку работилниците, пренесува „Ројтерс“.
Станувало збор за два слични проблеми. Во едниот случај, во кој се погодени околу 475 000 автомобили во светот, проблемот е со жиците на ретровизорите. Во многу малку случаи кај нив доаѓа до прегревање.
Во вториот случај поради неправилно инсталираните загради може да се испушти течност и да се предизвика пожар во контакт со жешки површини, се вели во соопштението.
Поради различните проблеми оваа година производителот беше принуден да ги врати особено во САД милионите возила во работилниците. Во прилог концернот е загрозен од плаќање на казни за стотици милиони евра.
Така неодамна американскиот надзор на патниот сообраќај и наложил на компанијата санкции во износ од 70 милиони долари, бидејќи автомобилскиот производител не ги давал со години задолжителните пораки поврзани со несреќите, повредите и смртните случаи.
