Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФЕТАХ СО ЗАГРИЖУВАЧКИ ПОВИК ДО СИТЕ ПАЛЕСТИНЦИ - бара да го ескалираат судирот на сите фронтови

ФЕТАХ СО ЗАГРИЖУВАЧКИ ПОВИК ДО СИТЕ ПАЛЕСТИНЦИ - бара да го ескалираат судирот на сите фронтови

Палестинското национално ослободително движење Фатах, на палестинскиот претседател Махмуд Абас, ги повика сите Палестинци да се приклучат на сеопфатниот напад и да го ескалираат судирот на сите фронтови во одбрана на палестинскиот народ и неговото право на слобода, државност и независност.

„Израелските окупатори продолжуваат со својата агресија и злосторства против нашиот народ и нивните исламски и христијански светилишта и продолжуваат со жестокиот напад врз нашите затвореници и заробеници, додека меѓународната заедница молчи“, се наведува во соопштението, пренесе палестинската агенција ВАФА.

Најмалку 300 Израелци загинаа, а над 1.590 се ранети во вчерашниот голем утрински напад на милитантите од Хамас од Појасот Газа врз израелска територија, наведуваат израелски медицински извори, пренесе ДПА.

Во појасот Газа, од друга страна, во вчерашните израелски одмазднички напади загинаа најмалку 232 лица, а се ранети речиси 1.700 Палестинци, наведе палестинското Министерство за здравство.

Палестинската милитантна организација Хамас, пренесува ДПА, вчераутро истрела повеќе од 3.000 ракети кон Израел, повикувајќи се на израелската армија, која додаде дека вооружените Палестинци упаднале во Израел по копно, море и воздух.

И синоќа имаше силни ракетни напади во неколку израелски градови, вклучително и во Тел Авив.

ДПА пренесува дека некои од палестинските милитанти се забарикадирале во куќи со израелски заложници, а, според воените извештаи, неколку Израелци биле однесени во Појасот Газа. 

фото:ЕПА

Слично

Поврзани вести