Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФЕРГУСОН: Полицаецот даде отказ, седмодневен марш за убиениот

ФЕРГУСОН: Полицаецот даде отказ, седмодневен марш за убиениот

Полицаецот од Мисурин Дарен Вилсон кој го убил црниот тинејџер и предизвикал немири во градот Фергусон дал отказ и ја напуштил полицијата.

Вилсон бил на одсуство од инцидентот и убиството на Мајкл Браун на 9 август, пренесува АП. Неговата оставка ја најавил во петокот неговиот адвокат Нил Брунтрагер пренесуваат агенциите.

Адвокатот изјавил дека одлуката за заминување од полицијата стапува на сила веднаш.

Вилсон во август го убил ненаоруќениот 18-годишен Мајкл Браун, тврдејки дека тоа го направил во самоодбрана.

Поради одлуката на поротата да не се покрене тужба против полицаецот Дарен Вилсон ширум САД се организрани протести.

Адвокатот Брунтрагер рекол за CNN дека Вилсон, кој тврди дека има чиста совест, едноставно не може да се врати во полицијата со оглед на огорченоста која ја предизвика целиот случај.

Американските активисти за граѓански права тргнаа денеска на седумдневен марш барајќи сеопфатна реформа на полицијата и осудувачка одлука на американската голема порота да не се покрене тужба против „белиот“ полицаец кој го уби ненаоружаниот „црн“ тинејџер Мајкл Браун.

Слично

Поврзани вести