„Фенди“ ќе ја обновува Фонтана ди Треви во Рим
Со 2,18 милиони евра, познатата модна куќа „Фенди“ ќе помогне во обновата на славната Фонтана ди Треви од 18. век, која се наоѓа во Рим и секојдневно привлекува илјадници посетители.
Работите на проектот ќе трааат 20 месеци, соопшти модната куќа, на прес конференција на која присустуваа и дизајнерите Карл Лагерфилд и Силвија Вентурини Фенди кои изјавија дека проектот ќе ги комбинира љубовта кон минатото на Рим и потребите да се гледа кон иднината.
Римската фонтана, како што изјави Лагерфилд, „ја глорифицира водата, која е најважна работа на светот“, пренесуваат агенциите
„Фенди“’ е најновата компанија која притекнува во помош на италијанската културна оставнина од како земјата е зафатена од рецесија.
Диего Дела Вале, сопственик на луксузната линија за обувки „Тод’с“’ издвои 25 милиони долари за реставрација на римскиот Колосеум. За враќање на сјајот на венецијанскиот мост Риалто е заслужна модната куќа „Дизел“’, која за оваа намена издвои пет милиони евра.
Славната Фонтана ди Треви, која е оштетена како последица на минатогодишната зима, е изградена по порачка на папата Клемент дванаесетти во 1732 година. Исто така, оваа фонтана е прикажана и во филмот на Федерико Фелини „Ла долче вита“’, а според легендата, оној кој ќе фрли паричка во фонтаната повторно ќе се врати во Рим.
Работите на раставрацијата на фонтаата планирано е да завршат во 2015 година.
