ФЕКАЛИИ ПО УЛИЦИТЕ, НЕМА ВОДА, СТРУЈА И ЛЕКОВИ: Газа е пред хумана катастрофа
Еднонеделното израелско бомбардирање во појасот Газа уништи електрични водови,
цевки за вода и канализација, поради што сега човечки отпад се натрупува на
улиците на градот.
Со над 200 мртви и цели семејства заробени во урнатините, се стравува од хуманитарна катастрофа во сиромашната енклава во која два милиони луѓе живеат под израелско-египетска окупација веќе 14 години.
Покрај бомбардирањата, Израел го блокираше и пристапот до територијата на сите, вклучително и хуманитарни работници, информираат од Канцеларијата на ООН за координација на хуманитарни работи (ОЦХА).
Залихите на добиточна храна стојат на израелска страна со денови и чекаат дозвола за влез, наведува ОЦХА, додавајќи дека залихи храна за Палестинците веќе нема.
Палестинското Министерство за земјоделство предупреди дека ќе угинат без храна, и добиток и живината, оставајќи го појасот Газа без храна. Канцеларијата на ООН исто така наведува дека Израел исто така забранува риболов во водите на Газа, како и дека бомбардирале фарми.
Фабриката за десалинизација на морската вода не работи, поради што 250.000 луѓе немаат пристап до вода за пиење. Во северниот град Бејт Лахија, канализацијата целосносе излеаала, а изметот веќе е натрупан по улиците. Агенцијата на ООН задолжена за палестинските бегалци, УНРВА, вели дека повеќе од 17 000 луѓе ги напуштиле своите домови и се кријат во околу 40 училишта. Агенцијата потсети и на корона вирусот и опасноста многу луѓе да останат долг период затворени на мали простории.
