Фејсбук стана рекламна машинерија
Фејсбук вчера го прослави десетиот роденден. Оваа социјална мрежа делумно ја промени маркетиншката стратегија на разни фирми. Претходно, се беше бесплатно, но денес веќе не е. Фејсбук, во светот на маркетингот воведе и воспостави нови стандарди.
На секој корисник, на почетната страна му се појавуваат реклами, а нивната содржина зависи најмногу од неговото „однесување“ и пребарување на интернет. Тука е страницата на Константин Векера (двајца од три твои пријатели им се гледа ова), реклама за црвен корсет или курс за танц.
Од рекламите, за германските фирми уште поважни се сопствените профили на Фејсбук, кои корисниците можат да ги „лајкнат“. Она што под називот "thefacebook.com" почна една февруарска среда во 2004 година на американскиот универзитет Харвард, денес е машина за маркетинг.
„Ниту една ТВ-станица не може да и конкурира на оваа мрежа“, вели Егон Вилксек од агенцијата за анализа на интернетот, "Socialbakers“. Со милијарда и двеста милиони корисници на пет континенти, ова, во моментов, е најважната интерактивна платформа. Две третини од нејзините членови секој ден, барем еднаш, ја отвораат својата страница.
Притисокот на „дигиталниот маркетинг“ најмногу го чувствуваат помалите фирми. Кога Јакоб Асман пред три години ја формирал својата мала фирма за продажба на еколошка електрична енергија, Фејсбук бил можност, комплексната материја и темата алтернативно „снабдување со енергија“ да им се приближи на клиентите. Комплексните пораки било полесно да се прифатат кога биле вообличени во повеќе мали, кратки „постови“.
Во меѓувреме, на помалите фирми им се заканува опасност да го изгубат местото на оваа платформа. За тоа не се виновни тие, туку самиот Фејсбук кој во меѓувреме вреди 100 милијарди долари на берзата и кој ги промени правилата на игра. Фејсбук почна да ги наплатува огласувањето и рекламирањето.
Секој обичен корисник на Фејсбук на својот профил гледа најмногу четири реклами дневно. За тие четири места конкурираат бројни фирми. Еден пост (реклама) на профилите на 10.000 корисници, чини околу 30 евра. Место за реклама на личните профили на корисниците така добиваат оние кои се подготвени да платат најмногу.
А.А.
Слично
