Фејсбук соработува со американските служби, побарани 10 илјади корисници?
Само во втората половина на 2012 година, компанијата Фејсбук добила околу 10 илјади барања од американските власти за откривање на личните податоци на нејзините корисници. Притоа, како што објавија од Фејсбук, овие барања биле поднесени поради отктивање на дела како исчезнување на деца до полесни кривични дела, па дури и за терористички закани.
Од компанијата велат дека податоците биле предадени откако “Фејсбук” постигнал договор со властите. Се барале информации за исчезнати лица, бегалци и потенцијални терористички закани. Инаку бројот на профилите интересни за американските служби е околу 19 илјади, соопштија од Фејсбук.
Сепак, се додава во соопштението на компанијата, Фејсбук „агресивно“ ги брани личните податоци на корисниците.
