„Фејсбук“ со видеореклами ќе им конкурира на телевизиите
„Фејсбук“ планира да продава реклами во телевизиски стил, како би им конкурирал на телевизиите во борбата за поголем колач од маркетиншките буџети, објави американскиот „Блумберг“.
Изворите на „Блумберг“ откриваат дека „Фејсбук“, во текот на оваа година, ќе почне да им нуди на огласувачите видеоспотови од 15 секунди.
Планирано е рекламите на „Фејсбук“ автоматски да се емитираат на почетната страница кај корисниците.
Потегот на „Фејсбук“ ќе му помогне во трката со неговите онлајн-ривали како „Гугл“, „Јутјуб“ и „Аол“, што се обидуваат да ги зграбат доларите од реклами што традиционално одат кај телевизиските станици.
Слично
