Фејсбук сака да стане – банка!
Најпопуларната социјална мрежа „Фејсбук“ е во постапка да ги бара сите потребни дозволи за да овозможува финансиски услуги, како што се парични трансфери.
„Фејсбук“ побарал вакви дозволи од ирската централна банка, а доколку добие одобрение, луѓето би можеле да држат пари на својата „Фејсбук“ сметка, да ги префрлаат парите на сметките на други луѓе или да го користат како средство за онлајн-плаќање.
Главната цел на оваа нова услуга на социјалната мрежа, според упатените извори, е испраќање на пари од и за луѓето кои живеат и работат во странство. Оваа можност е дел од стратегијата на „Фејсбук“ за посилен продор на пазарите во развој, како што се Индија и Африка.
„Материјалноста на банкарството и финансиите се менува секој ден, а оваа промена е видлива на пазарите во развој, каде што не постои таква инфраструктура“, вели Елизабет Кобет, професор по меѓународна политичка економија на Универзитетот East Anglia.
„Ова е чист почеток за новите технологии. Тоа јасно се гледа во Африка. „Фејсбук“ сака дел од тоа и парче од големиот потенцијален пазар“, проценува таа.
Слично
