Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фејсбук и Јутјуб го отстранија објавите на Болсонаро за наводната штетност на вакцините против Ковид-19

Фејсбук и Јутјуб го отстранија објавите на Болсонаро за наводната штетност на вакцините против Ковид-19


Социјалните мрежи Фејсбук и Јутјуб одлучија да го отстранат од своите платформи видеото на бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, во кое тврди дека вакцините против ковид-19 се неефикасни и предизвикуваат други заразни болести како ХИВ-от.

Портпаролот на Фејсбук рече дека политиката на оваа социјална мрежа е да блокира активности кои трвдат дека вакцините убиваат или можат да им наштетат на луѓето. И Јутјуб потврди дека видеото првично објавено во видеото се коси со нивната политика.

- Го отстранивме видеото од каналот на Жаир Болсонаро поради кршење на нашата политика за медицински дезинформации во врска со ковид-19, бидејќи наведува дека вакцините не го намалуваат ризикот од заразување со болеста и предизвикуваат други заразни болести, се вели во соопштението на Јутјуб.

Болсонаро останува на цврстиот став дека нема да се вакцинира против Ковид-19.


Слично

Поврзани вести