Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фејсбук ги блокира противниците на карантинот: Конзервативците со остри критики, а најгласен синот на Трамп

Фејсбук ги блокира противниците на карантинот: Конзервативците со остри критики, а најгласен синот на Трамп

Компанијата Фејсбук соопшти дека од денеска ќе ги блокира сите кои се против мерките за карантин, со цел овие лица да не може да ја користат социјалната мрежа за органиизрање собири со кои се кршат наредбите на американските сојузни држави.

Портпаролот на Фејсбук изјави дека компанијата веќе ги отстранила од платформата пораките на демонстрантите во Калифорнија, Њу Џерси и Небраска, кои повеќе денови протестираат против рестрикциите.

Сепак, ваквиот потег на оваа социјална мрежа наиде на силни критики на конзервативците во САД, а меѓу нив е и најстариот син на американскиот претседател Доналд Трамп.

-Зошто Фејсбук во договор со сојузните влади ја гуши слободата на говорот на луѓето, запраша на Твитер Доналд Трамп Џуниор, оценувајќи дека тоа претставува кршење на првиот амнадман, што според него е многу опасно.


Слично

Поврзани вести