Фејсбук експериментирал со корисниците – еве како!
Најпопуларната социјална мрежа Фејсбук вршела експеримент врз своите корисници, покажало истражувањето објавено како Proceedings of National Academy of Sciences. Имено, станува збор за неетички експеримент со кој се манипулирало со објавите на корисниците на популарниот newsfeed.
Со експериментот биле опфатени 700 илјади корисници, во текот на една недела во 2012 година, во текот на која намерно им се прикажувале само позитивни или само негативни содржини.
Со тоа шефовите на Фејсбук сакале да видат како корисниците реагираат и како одредена содржина влијае на нивните објави.
Накратко, сакале да проверат дали корисниците доколку постојано им се прикажуваат негативни содржини и самите ќе објават нешто негативно или обратно дали на позитивните содржини ќе одговараат со позитивни објави.
На корисниците кои без свое знаење и согласност учествувале во овој експеримент им биле променети алгоритмите на профилите и им била инсталирана посебна апликација, која ги анализирала објавите и автоматски ги селектирала на позитивни и негативни.
Резултатите од експериментот јасно покажале дека социјалните мрежи можат да влијаат на корисниците, односно кај нив да предизвикаат позитивни или негативни емоции.
Истражувањето сепак предизвика многу реакции, бидејќи методот на експеримент без знаење што го користел Фејсбук е морално контроверзен.
Слично
