Фејсбук ќе претстави нов продукт, никој не знае за што станува збор
„Facebook“ објави дека ќе го претстави својот нов производ на 20 јуни. На поканата до медиумите за настанот во Менло Парк, Калифорнија, пишува:
„Мал тим разви голема идеја. Придружете ни за едно кафе и запознајте се со нашиот нов производ.“
Повеќе детали не се соопштуваат, наведуваат агенциите.
Со новиот план за маркетингот на Марк Закерберг, од Фејсбук почнаа да свикуваат прес-конференции во главната канцеларија речиси секој месец.
Претпоставките на упатените претпоставуваат дека Фејсбук ќе воведува „RSS“ дополнувања во социјалната мрежа, што ќе им овозможи на корисниците да следат весто од повеќе сајтови, блогови или организации.
Слично
