Економија, финансии, бизнис

Контакт

Федерализација можно решение за украинската криза

Федерализација можно решение за украинската криза

Словачкиот премеир Роберт Фико изјавил денеска дека решението за украинската криза би можела да биде федерализацијата.

„Решението би можело да биде некој вид специјален статус за Доњецката и Луганската област, ккао што е федерализација“, рекол Фико за локална телевизија, пренесува Спутник.

Тој кажал дека состојбата во Украина и покрај тоа што борбите повеќе не се толку интензивни, и понатаму е многу напната.

„Во секој случај нема воено решение за украинската криза. Политичарите мора да седнат и да најдат компромис. Верувам дека проговорите ќе продолжат“, рекол Фико, истакнувајќи дека Словачка нема да праќа оружје во Украина. Премиерот на Словачка смета дека е неопходно да се поддржи прекинот на огнот на истокот на Украина така што би се ублажиле санкциите на Русија.

„Моменталната спогодба за прекин на огнот би требало да го поддржи постепеното ублажување на одредени санкции против Русија“, рекол Фико.

Слично

Поврзани вести