ФЕД:Американската економија расте бавно, но сигурно
Американската економија се развива со умерено темпо, иако бавно, се вели во извештајот на Федералните резерви на САД (ФЕД).
Анализата на ФЕД, опфаќа податоци од првите два месеци од оваа година – јануари и февруари. За тоа време стапките на економски раст се оценуваат како “мали”, иако “опипливи” во 10 од вкупно 12 банкарски окрузи, појавувајќи се во системот на Федералните резерви.
Исклучок прават бостонскиот и округот во Чикаго, а вклучуваат 11 држави. Економијата таму се развива со уште забавени стапки.
Во Чикаго економската активност, според извештајот на ФЕД, најверојатно ќе биде прилично слаба во првата половина на 2013 година, но во втората половина на годината се очекува да се измени во позитивна насока.
Во повеќето региони од почетокот на годината се забележува пораст на потрошувачката, што е индикација за економски подем.
ФЕД сепак вели дека растот е главно врз основа на зголемените продажби на автомобили. Истовремено се забележува намалена куповна активност по зголемувањето на даноците и цените на бензинот и дизелот.
Слично
