Фед и Cирија им создаваат грижи на европските инвеститори
На европските берзи, по силниот раст на цените на акциите минатата недела, утринава се тргуваше внимателно, а инвеститорите се воздржани поради сириската криза и можното намалување на поттикнувачките монетрани мерки на Фед овој месец.
FTSEurofirst индекс 300 на водечките европски акции, во 9,30 часот беше во минус од 0,1 посто, на 1.228 поени.
Лондонскиот FTSE, франкфуртскиот DAX и паришкиот CAC индекс, во 9,30 часот беше во минус од 0,01 до 0,3 посто.
Најголем поединечен губитник утринава беше акцијата на нафтената компанија BG, со пад на цената за 3,9 посто откако објави дека доцни со реализацијата на проектите во Египет и Норвешка, поради што ќе има намалување на производството во 2014 година.
Слично
