ФДА ОДОБРИ ВАКЦИНАТА НА ФАЈЗЕР ДА СЕ ЧУВА НА 5 СТЕПЕНИ НАЈМНОГУ ЕДЕН МЕСЕЦ: Промената ќе ја направи вакцината подостапна
Американскиот здравствен регулатор го одобри складирањето на
Фајзер/БиоНТек во фрижидер најмногу до еден месец, што е
промена која ќе треба да ја
олесни дистрибуцијата на оваа вакцина.
Администрацијата за храна и лекови на САД (ФДА) соопшти дека одлуката ја донела врз основа на контрола на неодамнешните податоци обезбедени од компанијата Фајзер и ќе дозволи вијалите за вакцини да се чуваат на стандардни температури во фрижидер од два до осум степени до еден месец.
-Оваа промена треба да ја направи вакцината подостапна за јавноста во САД и да им олесни на давателите на вакцини, како што се здравствените центри, за примање, чување и аплицирање на вакцината, изјави Питер Маркс, директор на Центарот за биолошко оценување и истражување во ФДА.
Американските власти во февруари одобрија складирање и транспортирање на вакцината на стандардни температури во фрижидер од два до осум степени, најмногу две недели, наместо вообичаените минус 80 до минус 60 степени. Исто така, и Европската агенција за лекови (ЕМА) во понеделникот препорача да го продолжи времето на чување на вакцините на Фајзер/БиоНТек на температура од пет степени најмногу 31 ден, со што ќе се олеснат логистичките предизвици.
Таа препорака се однесува само на неотворените ампули, посочи ЕМА. Европскиот регулатор ја издаде својата препорака врз основа на дополнителни студии за стабилност на вакцините, поднесени за евалуација од страна на двете партнерски компании.
