ФБИ ВО СТРАВ: Џихадистите печатат сириски пасоши и така влегуваат во САД!
Исламската држава запленила минимиум една специјализирана машина за печатење на автентични сириски пасоши и многу празни примероци, предупредува директорот на ФБИ Џејмс Коми.
Кривоотворените пасоши на таа машина може на терористите да им помогнат да се прикажат како бегалци од Сирија и така да ја преминат границата.
Коми рекол дека ФБИ „има причини да верува“ дека припадниците на Исламска држава веќе се инфилтрирале во САД, напоменувајќи дека Бирото будно ја следи состојбата како би открил такви поединци.
„Разузнавачката заедница е загрижена дека Исламска држава има способност и на тој начин произведува лажни пасоши“, рекол директорот на ФБИ сведочејќи пред Одборот за правосудство на американскиот Сенат.
Одделението за истрага на Министерството за внатрешна безбедност минатата недела пратило пратенички извештај за безбедноста во кој помеѓу останатото се вели дека Исламска држава во текот на летниот упад во Деир Езур запленила барем една машина за печатење пасоши, пренесе ТВ Еј-Би-Си која имала увид во тој извештај. Во извештајот се наведува и дека во текот на упадот во Деир Езур се најдени „кутии на бланко пасоши“.
„Иако поминаа 17 месеци откако Рака и Езур паднале во рацете на Исламската држава можно е поединци од Сирија со пасошите „издадени“ во тие градови под контрола на ИД да допатувале во САД“, се предупредува во извештајот.
Во извештајот се споменува дека во Турција е пронајден сиријски пасош со број кој укажува дека е печатен на територијата под контрола на џихадистите .
Двајцата бомбаши кои учествувале во нападите во Париз минатиот месец имале такви пасоши. Тие, како што се верува, допатувале во Европа со бегалците од Сирија.
И европските медиуми јавуваат дека е многу лесно илегално да се добие пасош во Сирија. Холандскиот новинар Харалд Дорнбос во септември пишуваше како купил пасош со фотографија на премиерот Марк Рутен. Пасошот го чинел 825 долари , а го добил во рок од само 40 часа.
