Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФБИ предупреди за опасност од напади во цркви на Божиќ

ФБИ предупреди за опасност од напади во цркви на Божиќ

Во Рим го забранија движењето на камиони во центарот на градот. 

Федералното биро за истраги на САД ги предупреди американските локални власти за ризик од напади во цркви на Божик и деновите околу овој празник, соопшти Си Ен Ен.

Предупредувањето е упатено поради појавата на некои сајтови поврзани со „Исламска држава", и апели за напади во цркви и на места каде што се собираат луѓе за време на празниците.

Во меѓувреме, властите во Рим го забранија движењето на камиони во центарот на градот во текот на божиќните и новогодишните празници. Забраната е во сила од 24 до 26 декември и од 31 декември до 1 јануари.

Одлуката е донесена по препорака на полицијата по нападот во Берлин.

Дополнителни мерки за безбедност се преземаат на 350 локални пазари. 

Нова Година е забрането да се користат петарди од безбедносни причини.


Слично

Поврзани вести