Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФБИ го стега обрачот: Идентификуван исламистот кој егзекутира тројца новинари!

ФБИ го стега обрачот: Идентификуван исламистот кој егзекутира тројца новинари!

Американската федерална полиција ФБИ го идентификуваше убиецот на Американецот Џејсм Фоли и Стивен Сотлоф за чие убиство одговорноста ја превзеде екстремистичката Исламска држава, изјави денеска во Вашингтон директорот на ФБИ Џејмс Коми.

„Го идентификувавме“, рекол Коми пред новинарите одговарајќи на прашањето за идентитетот на убиецот кој говореше англиски со британски анцент а чие лице не се гледа на видео - снимката за убиството на двајцата Американци киднапирани во Сирија.

Како што јавуваат светските агенции, Коми одбил да каже од која националност е убиецот. Исламската држава на 19 август ја превзеде одговорноста за убиството на Џејмс Фоли, а на 3 септември за погубувањето на другиот американец, кои се убиени со отсекување на нивните глави.

„Се вратив, Обама, поради твоите арогантни надворешни политики кон Исламската држава“, рекол на видео снимката убиецот облечен во црно со прекриено лице и нож во рака. Тој тогаш го убил Сотлоф и се заканил дека ќе го убие Британецот Дејвид Хејнс, кој на ист начин е погубен десет дена подоцна.

Слично

Поврзани вести