ФБИ: Џихадистите подготвуваат напад врз САД или некоја европска држава
Американските разузнавачки служби објавија дека постојат податоци кои укажуваат дека сириските оперативци на Ал Каеда наскоро подготвуваат напад врз САД или некоја европска држава.
Одделението за внатрешна безбедност и ФБИ ги предупредиле државните, локалните и сојузните сили во САД за најновите закани, кои укажуваат дека високи оперативци на Ал Каеда стационирани во Сирија се блиску до извршна фаза на напади во Европа или САД.
Овие планирани напади биле една од причините заради кои од вчера меѓународната коалиција предводена од САД започна воздушни напади врз позиции на џихадистите во Сирија. Вчера биле изведени најмалку 50 воздушни напади на упоришта на екстремистите од Исламската држава и Фронтот ал-Нусра, но нападнати биле и позиции на малку познатата Корасан група, која исто така е ќелија на Ал Каеда. Токму оваа група се смета дека е блиску до изведување на нови терористички напади.
Меѓу земјите кои директно ги спроведуваат нападите нема западноевропски држави. Воздушните напади ги изведуваат САД со поддршка од неколку арапски земји - Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Јордан, Бахреин и Катар, а џихадистите се особено лути на Саудиска Арабија која „дозволила да дојде до нападите“.
Слично
