Фаучи оди во пензија на 81 година
Ентони Фаучи, водечкиот американски епидемиолог и главен здравствен советник на Белата куќа, познат во јавноста најмногу по своите политики за пандемијата предизвикана од Ковид-19, објави дека ќе се пензионира на 81 година.
Фаучи стана познат на пошироката јавност како водечко лице на здравствениот систем за време на пандемијата на коронавирусот. Тој беше во владата за време на мандатот на седум американски претседатели, почнувајќи од Роналд Реган.
Функцијата во федералната влада ја напушта во декември по повеќе од 50 години. Фаучи го раководи Националниот институт за алергија и заразни болести (НИАИД) од 1984 година и е главен медицински советник на претседателот Џо Бајден, а исто така раководи со лабораторија која го проучува имунолошкиот систем.
„Јас одев во овој кампус, во лабораториите и во болницата секој ден, вклучително и повеќето викенди, веќе 54 години. Идејата да заминам очигледно е горчливо-слатка“, изјави Фаучи за Асошиетед прес.
