Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАСТ-ФУД ШТРАЈК: Најголемите ресторани за брза храна во САД протестираат

ФАСТ-ФУД ШТРАЈК: Најголемите ресторани за брза храна во САД протестираат
Вработените во најголемите ланци за брза храна во САД - Мекдоналдс, Бургер Кинг, Кеј-Еф-Си и Вендис излегуваат на штрајк заради ниските плати. Според најавите, в четврток, тие ќе ги напуштат своите работни места во 15 града и ќе излезат на протест со барање за зголемување на нивната минимална заработувачка на 15 долари на час. Во моментот, голем дел од нив работат за помалку од девет долари на час или за околу 600 долари месечни приходи. Овие пари не им се доволни за да ги покријат основните месечни трошоци. Според едно истражување работната популација во фаст фуд индустријата драматично се променила од почетокот на новиот милениум. Работниците кои имаат повеќе од 20 години сега претставуваат дури 70 отсто од работната сила. Околу 40 отсто од нив имаат деца, а една третина од нив студираат.
Слично

Поврзани вести