Економија, финансии, бизнис

Контакт

Fars: САД ги евакуира старешините на „Исламска држава“ од Ирак

Fars: САД ги евакуира старешините на „Исламска држава“ од Ирак

Командантот на волонтерските вооружени сили на шиитите „Ал-Хашд Ал-Шааби“ изјавил дека САД ги евакуираат лидерите на „Исламска држава“ од Ирак, додека трае воената операција на Багдад, соопшти иранската агенција „Fars“.

Лидерот на волонтерските вооружени сили изјавил дека евакуирањето се случило за време на специјалната операција во градовите Рамади и Фалуџа поврзана со интервенцијата на САД.

„Се чини дека САД имаат намера да ги евакуираат старешините на „Исламска држава“ со хеликоптери во непознат правец“ - изјавил командантот на баталјон Хајдар ал-Хусеини ал-Ардави.

Ирачките сили продолжуваат успешно да го прочистуваат Рамади од џихадистите на „Исламска држава“, отворајќи пат кон централниот дел на градот, кое е од стратешко значење и каде можат да се наоѓаат до 200 терористи.

Слично

Поврзани вести