Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАО: Цените на храната нема дополнително да се намалат

ФАО: Цените на храната нема дополнително да се намалат
Глобалните цени на храната нема дополнително да се намалат, откако во септември тие се намалија на најниското ниво во последните три години, проценува Светската организација за храна и земјоделство (ФАО). На падот на цените, кој беше забележан минатиот месец, влијаеше остриот пад на цената на житото, додека цените на млечните производи, месото и шеќерот се зголемија, соопшти ФАО. Индексот ФАО, кој го покажува месечното движење на светските цени на основните прехрамбени производи, во септември изнесуваше 199,1 поени, што е за речиси еден процент помалку од 201,4 поени кои беа забележани во август. Тој индекс во изминатите пет месеци бележеше пад, а во септември го достигна најниско ниво од септември 2010 година.  
Слично

Поврзани вести