Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фамилијата Версаче продава 30% од истоимената модна куќа

Фамилијата Версаче продава 30% од истоимената модна куќа
Фамилијата Версаче е се поблиску до продажба на удел во истоимената модна куќа , откако поканила инвеститори да достават конкурентни понуди на крајот на овој месец , информира FT . Меѓу кандидатите -купувачи за 20-30% од Versace се поранешниот сопственик на Gucci Investcorp која е бахреински инвестициски фонд , како и Blackstone и лондонската компанија за удели инвестирање Permira која го поседува Hugo Boss и го продаде Valentino минатата година. Кандидати за учество во модната куќа се уште италијанскиот фонд FSI и париската компанија Ardian . На крајот од минатиот месец овие инвеститори  беа замолени да упатат индикативни понуди и да ги изложат своите визии за тоа како гледаат на управувањето на модната куќа заедно со фамилијата , која ја основаше . Кандидатите ќе се состанат со раководството на компанијата , пред да поднесат нови понуди на 25 ноември . Понудите за една од последните независни италијански модни куќи се очекува да надмине 850 милиони евра . Од Versace ги најмија Goldman Sachs и Intesa Sanpaolo во април , за да бараат нови акционери кои ќе инјектираат капитал во компанијата со цел финансирање на обидите за проширување на активностите во Азија и Латинска Америка . Вкупните приходи на Versace минатата година беа 408.7 милиони евра, истакнувајќи зголемување за 20% во споредба со претходната година , додека продажбата на глобално ниво се зголемува за речиси две петтини до 224.5 милиони евра , откако се дуплирани во Северна Америка .
Слично

Поврзани вести