ФАКТОР НА ДЕНОТ: Зеленски бара авиони, Путин не отстапува од барањата, а преговарач вели дека има добра волја за „не- НАТО“ моделот
ЗЕЛЕНСКИ И КУЛЕБА БАРААТ ЗАТВОРАЊЕ НА УКРАИНСКОТО НЕБО
Украина моли за помош. Претседателот Володимир Зеленски повторно се обрати преку социјалните мрежи упатувајќи порака до западните земји дека доколку не го затворат небото над Украина, и натаму руската војска ќе убива луѓе.
Шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба објави фотографија од бомба тешка 500 килограми која паднала во зграда, но не експлодирала.
Тој повика повторно западните земји да им дадат авиони и да се заштитат од како што рече „руските варвари“. Заедно со украинскиот претседател Влодомир Зеленски упорно бараат заштита и затворање на украинското небо. Во Украина секој ден гинатни цивили.ПУТИН ВЕЛИ ДЕКА ВОЈНАТА ЌЕ ЗАВРШИ КОГА ЌЕ СЕ ИСПОЛНАТ БАРАЊАТА НА МОСКВА
Нападот ќе заврши кога ќе се исполнат барањата на Москва, рекол рускиот претседател Владимир Путин.
Тој ова го кажал во телефонски разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека Русија ќе ја прекине својата „воена операција“ само ако Украина престане да се бори и ако се исполнат барањата на Москва, соопшти Кремљ, пренесува Би-Би-Си.УКРАИНСКИ ПРЕГОВАРАЧ ВЕЛИ ДЕКА ИМА ДОБРА ВОЛЈА ЗА „НЕ - НАТО“ МОДЕЛОТ
Украина нема да прави компромиси околу својот територијален интегритет во преговорите со Русија, но има добра волја да преговара за „не-НАТО“ моделот во иднина, изјави денеска за американската телевизиска мрежа Fox News еден од украинските преговарачи.
Украина пред превратот од 2014-година имаше амбиции за членство во Европската унија, на што Русија тогаш не се противеше, но последната година амбициите на Киев се насочија и кон членство во НАТО верувајќи дека тоа ќе ѝ овозможи воено враќање на одметнатиот црномирски полуостров Крим и источните доминанатни руски региони во областа Донбас на самата руска граница. Москва и претходно предупреди дека украинското членство во НАТО ќе го смета за големо загрозување на нејзината безбедност.