Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Во нападите на САД и Израел е убиен ајатолахот Али Хамнеи, а новото раководство на Иран сака да разговара со Трамп

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Во нападите на САД и Израел е убиен ајатолахот Али Хамнеи, а новото раководство на Иран сака да разговара со Трамп

ВО НАПАДИТЕ НА САД И ИЗРАЕЛ Е УБИЕН АЈАТОЛАХОТ АЛИ ХАМНЕИ

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, е убиен во големиот напад од Израел и САД, потврдија иранските државни медиуми рано изутринава, ставајќи ја во прашање иднината на Исламската Република и зголемувајќи го ризикот од регионална нестабилност. Претседателот на САД, Доналд Трамп ја објави смртта неколку часа претходно, велејќи дека тоа им дава на Иранците „најголема шанса“ да ја „вратат“ својата земја.

Државните медиуми објавија дека 86-годишниот Хамнеи бил убиен во воздушен напад насочен кон неговиот комплекс во центарот на Техеран. Сателитските фотографии од Ербас покажаа дека местото било силно бомбардирано. Неговата смрт во неговата канцеларија „покажа дека тој постојано стоел меѓу луѓето и на чело на своите одговорности, соочувајќи се со она што властите го нарекуваат глобална ароганција“, соопшти државната телевизија.

Иранскиот политички ветеран Али Ларијани денеска соопшти дека ќе се воспостави привремено раководство откако во воздушен напад беше убиен врховниот водач ајатолах Али Хамнеи, пренесе Ројтерс. Ларијани лани повторно се издигна како една од највлијателните фигури во безбедносната структура на Иран.

НОВОТО РАКОВОДСТВО НА ИРАН САКА ДА ГО КОНТАКТИРА ТРАМП

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека новото раководство на Иран сака да воспостави контакти со неговата администрација и дека тој планира да го направи тоа.

Трамп не откри детали за тоа кога точно ќе се одржат разговорите.

„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, изјави Трамп во интервју за списанието Атлантик.

Во друго интервју за Си-Ен-Би-Си, тој оцени дека американската операција во Иран се одвива „пред предвидениот рок“, без да навлегува во дополнителни детали.

САД И ИРАН ДАДОА РАЗЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ЗАГУБИТЕ

Иранскиот корпус на револуционерна гарда (ИРГЦ) објави дека убиле или раниле 560 американски војници во нападите врз американските бази во регионот.

Нивните сили гаѓале три танкери за нафта за кои велат дека им припаѓаат на САД и Велика Британија. 

Тројца припадници на американската војска утринава се убиени во акција како дел од операцијата „Епски бес“, а уште петмина се „сериозно ранети“, соопшти Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) на Икс.

СЕ ЗГОЛЕМУВА БРОЈОТ НА НАШИНЦИ ШТО ПОБАРАЛЕ ЕВАКУАЦИЈА ОД БЛИСКИОТ ИСТОК

Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, за МИА информираат дека досега повеќе од 150 македонски државјани, ги контактирале амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби, околу можностите за евакуација.

Со сите нив се одржува постојан контакт и доколку се пријават за евакуација ќе се преземаат подготвителни активности за евентуална асистенција за нивно безбедно враќање, наведуваат од МНР.

„Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, преку дежурниот телефонски број и преку дипломатско-конзуларните претставништва, и понатаму останува целосно на располагање на граѓаните. Уште еднаш ги повикуваме сите наши државјани кои се наоѓаат во земјите од регионот доследно да ги почитуваат упатствата и насоките на локалните надлежни безбедносни органи“, велат од Министерството.

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ВЕЛИ ДЕКА БАРААТ НАЧИНИ ЗА ЕВАКУАЦИЈА НА ОНИЕ КОИ САКААТ ДА СЕ ВРАТАТ ДОМА

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Совет за безбедност соопшти дека институциите располагаат со информации за растечкиот број македонски државјани кои се наоѓаат на Блискиот Исток.

Граѓаните се јавуваат во дипломатско-конзуларните претставништва и се регистрираат за да бидат евидентирани за евентуална евакуација. Формираниот кризен центар во рамки на Министерството, како што нагласи, е во континуиран контакт со сите пријавени лица.

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести