Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Веќе два дена се војува во Украина, се водат жестоки борби за одбрана на Киев

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Веќе два дена се војува во Украина, се водат жестоки борби за одбрана на Киев

УНИШТЕНИ ЗГРАДИ, РЕКЕТИРАНА ГРАДИНКА, ИМА ЗАГИНАТИ

Како што пренесуваат светските медиуми, руската војска, наводно, ја уништила термоцентралата во Киев. Ова го тврди и градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, што е знак дека таа е насочена кон критичната инфраструктура. 

Кличко претходно кажа дека пет експлозии се слушнале во период од три до пет минути во близина на електрана лоцирана северно од Киев. 

„Службите за итни случаи работат. Ги дознаваме деталите. Ситуацијата сега, без претерување, е заканувачка за Киев. Ноќта ќе биде многу тешка“, истакнал градоначалникот на украинската престолнина, Виталиј Кличко.

Весникот „Киев индепендет“ објави дека руски проектили погодиле засолниште и градинка во североисточниот украински град Охтирка. Има загинати и повредени, а меѓу нив има и деца.

Шефот на украинската дипломатија на својот твитер-профил напиша дека руските напади врз засолништето и градинката се воени злосторства и кршење на Римскиот статут. Заедно со државниот обвинител собираме докази и сѐ ќе му предадеме на Хаг“, напиша Кулеба.

САНКЦИИ ЗА ПУТИН И ЛАВРОВ

Рускиот претседател Владимир Питин и министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров се најдоа на црната листа на Европската унија. Брисел донесе одлука да им ги замрзе финансиските средства како дел од новиот сет санкции кон Русија.

Но, и покрај замрзнатите средствата Путин и на Лавров нема да добијат забрана за патување. 

„Рускиот претседател Владимир Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, немаат банкарски сметки во странство“, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

ЗЕЛЕНСКИ САКА ИЗРАЕЛ ДА ПОСРЕДУВА ВО ПРЕГОВОРИТЕ

Украина бара од Израел да посредува во преговорите со Русија. 

Ова го побарал украинскиот претседател, Володимир Зеленски, пренесува The New York Times. Зеленски го побарал ова во текот на синоќешниот телефонски разговор со Нафтали Бенет, а ова не е прв пат Зеленски да упати вакво барање, но е прв пат по почетокот на руската инвазија.

Израел е една од ретките држави која има релативно добри односи и со Русија и со Украина.

ПРОТЕСТИРАА И УКРАИНЦИТЕ ВО СКОПЈЕ СО БАРАЊЕ ВОЈНАТА ДА ЗАПРЕ

Членовите на здружението на Украинците во Македонија денеска се собраа на плоштадот во Скопје, со цел да дадат поддршка на Украина, и да ја осудат руската агресија. 

Со украински знамиња и натписи против  рускиот претседател Владимир Путин и Русија, порачаа дека сакаат да испратат порака за тоа што се случува сега во Украина. Велат дека во Киев сега состојбата е многу лоша.  Тие се загрижени за нивните блиски кои се во Украина. 

„Тоа што се случува во Украина е голема катастрофа“, рече еден од демонстрантите. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Комерцијална банка објави дека на претстојното акционерско собрание ќе се гласа за одобрување на дивиденда во бруто износ од 620 денари за акција, пишува во предлог одлуката што е доставена за гласање на акционерите на 30 март годинава. Официјалниот предлог всушност е потврда на анализата на „Фактор“ во која прогнозиравме дека добивката ќе биде над 10 евра.

Оваа година животниот стандард на Македонците секако дека ќе биде погоден од растот на цените, односно инфлацијата, која ќе се зголеми значајно поради војната меѓу Русија и Украина.

Над 1,7 милијарди евра, пари на осигурениците се чуваат во задолжителните пензиски фондови. Тие собираат средства во вториот пензиски столб во државата, а она што ја одбележа минататa година е што фондовитеуспеаја да прикажат рекордни приноси на вложените пари.

Позитивен ден на Македонската берза, откако вчера цените на акциите паднаа остро. Негативната реакција се должеше на нападот на Русија кон Украина, што предизвика страв на инвеститорите ширум светот, а и силна рефлексија на македонскиот пазар на капитал. Сепак денеска, македонскиот берзански индекс МБИ 10 се зголеми за 4,3 проценти на крајот на тргувањето. Сите акции кои го креираат, а и останатите хартии од вредност се во зелено.

Слично

Поврзани вести